Согласно член 84-б став 1 и 2 и член 85 став 1 од Изборниот законик, организаторот на изборната кампања е должен да поднесе финансиски извештај за приходите и расходите на жиро-сметката за изборна кампања, до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата.
Финансискиот извештај се поднесува на образец пропишан со ПРАВИЛНИК ЗА ОБРАЗЕЦОТ ЗА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ПРИХОДИТЕ И РАСХОДИТЕ ЗА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА, донесен од министерот за финансии.