Почитувани екселенции,

Почитувани претставници од меѓународните финансиски институции,

Претставници на медиумите

И драги пријатели

 

Благодарам на искрените честитки. Личен предизвик и голема чест е да се биде претседавач на годишните собранија на ММФ и Светска банка за 2008 година. Но, пред се тоа е признание за Република Македонија, бидејќи назначувањето беше подржано од сите европски земји, САД и од останати земји членки на Светска банка и ММФ. Ова е потврда за економските реформи во земјава, за квалитетот на нивното спроведување и поддршка во насока на одржување на тие реформи со цел да се подобри животот на граѓаните.

 

Дозволете, вечерва да упатам благодарност и до сите што дојдовте по повод отворањето на изложбата “Уметност и развој“ и со тоа го прифативте концептот за уметноста што се движи надвор од даден затворен круг на љубители.

Уметноста е вештина на презентација на личната визија за индивидуата и пошироките општествени случувања. Сличностите со сонувањето се токму во можноста да се изгради друга, поинаква реалност. Во таа реалност се опробуваме, согледуваме и менуваме со цел да се подготвиме за планираните и посакуваните промени. Кога голем број на луѓе создаваат или творат со сон за Македонија како земја на креативни можности за сите, тогаш сонот се преточува во нова реалност во која се делува и проактивно пристапува.

 

Затоа би сакал да упатам голема благодарност до Светската банка и Швајцарската амбасада во Скопје што ги поврзаа уметниците, политичарите и дипломатите и со тоа ја пренесоа визијата за  Македонија – земја на луѓе кои преку својот креативен и интелектуален потенцијал имаат моќ да ги менуваат работите. Можеби и затоа, ми се допаѓа пораката “Дојдете и видете” на Славица Јанешлиева, со што се истакнува.

За крај слободно може да заклучам дека денешниов настан целосно го оправда настојувањето на амбасадорката Никол Вирш за изнаоѓањето доказ дека  уметничките дела не се само декорација за ѕидовите.

Comments are closed.