На 06 март 2012 година започна вториот циклус на обуката за сертифицирање на сметководители во јавниот сектор (Public Accountants Certification Training-PACT).

Обуката е наменета за вработени во јавниот сектор кои имаат високо образование и работно искуство во областите, како:

  • финансиско управување,
  • подготовка и извршување на буџет,
  • сметководство,
  • ревизија,
  • подготовка на информации за финансиско управување, 
  • финансиска контрола и слично.

Обуката се реализира во соработка со Центарот за развој на финансиите со седиште во Љубљана (Center of Excellence in Finance-CEF) и Овластениот Институт за јавни финансии и сметководство со седиште во Лондон (Chartered Institute of Public Finance and Accountancy-CIPFA).

Основна цел на обуката е институционализирање на професијата сертифициран сметководител во јавниот сектор и воспоставување на самостоен тренинг центар за сметководители во јавниот сектор во Република Македонија.    

 
Обуката е со времетраење од две години.

Лице за контакт:

Александра Димовска
телефон: 02/3106-191
е-адреса: aleksandra.dimovska<at>finance.gov.mk

 

Comments are closed.