16 ноември 2017, Скопје – Министерството за финансии продолжува со определбата буџетот и податоците во него да ги направи поблиски до граѓаните, затоа изработи Граѓански буџет 2018. Граѓанскиот буџет не е замена за деталниот буџет на државата, туку претставува приказ преку кој секој граѓанин во рок од пет минути може да ги дознае плановите за управување со јавните финансии.
– Граѓанскиот буџет е една од алатките со кои Министерството за финансии ја отвора транспарентноста и отчетноста на јавните финансии. Ние сметаме дека целосниот увид на јавноста во тоа како се трошат парите на граѓаните е важен чекор напред во спречување на злоупотребите од страна на носителите на власта. Истовремено, нашата намера е преку зголемување на информираноста на јавноста да влијаеме на посилно вклучување на граѓаните во креирање на владините програми и политики – вели во предговорот министерот за финансии Драган Тевдовски.
Министерството за финасии и во иднина ќе изработува граѓански буџети за сите донесени буџети. Буџетот е од граѓаните – за граѓаните, затоа секој треба да има пристап и увид во него.
Граѓанскиот буџет за 2018 можете да го преземете на следниот линк