Проектот финансиран од ЕУ „Техничка помош за поддршка на институциите за ДИС“ објавува оглас за вработување на краткорочен експерт во областа на сметководството. Главна цел на проектот е да им помогне на Национален фонд и Секторот за централно финансирање и склучување на договори во Министерството за финансии во исполнувањето на практичните барања за стабилно финансиско управување и сметководството утврдени од страна на ЕК, а во врска со ИПА фондовите.
Краен рок за пријавување е 14 јули 2011, 16.30 часот.