Првото кредитно биро во Македонија „Македонско кредитно биро АД Скопје“ од почетокот на наредната година ќе почне да ги нуди своите производи и услуги на пазарот.

&nbsp

Ова беше најавено на одбележувањето на двегодишнината од основањето на Македонско кредитно биро АД Скопје од страна на килриншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје.

&nbsp

– Успешноста на работењето на Кредитното биро е претпоставка за воспоставување здрави и стабилни должничко-доверителски односи и донесување на добри деловни одлуки. Неговото основање пред деве години се случи во време на глобалната финансиска криза предизвикана од лоши непрудентни деловни одлуки на менаџментот на финансиските институции во светот. Во такви услови се чини мудра и визионерска одлуката на Владата да иницира основање на приватно кредитно биро со широка база на податоци, како предуслов за донесување на здрави и економски оправдани одлуки, рече вицепремеирот и министер за финансии Зоран Ставрески во поздравниот говор по повод двегодишнината од основањето на Бирото.

&nbsp

Тој посочи дека Бирото за краток временси период привлече значителен број членки меѓу кои и Управата за јавни приходи и покрај тоа што е само давател, а не и корисник на базата на податоци на Бирото.

&nbsp

– Со ова државата и нејзините институции ја потврдија намерата за активно вклучување во системот кој треба да обезбеди сигурно управување со кредитниот ризик и водење ефикасна кредитна политика, зголемување на финансиската дисциплина, намалување на каматните стапки, спречување на презадолженоста на правните и физичките лица и привлекување инвестиции, рече вицепремиерот Ставрески.

&nbsp

Започнувањето со работа од почетокот на идната година на Бирото, како што нагласи, посредно ќе влијае на намалување на каматните стапки, бидејќи лошите пласмани влијаат на цената на кредитите.

&nbsp

Главниот извршен директор на Македонско кредитно биро Славица Богоева рече дека двојниот јубилеј што го слават денеска, две години од формирањето и започнувањето со оперативно работење на почетокот на идната година значи продолжување на успешната приказна почната пред две години.

&nbsp

– Македонското кредитно биро денеска е институција која има јасно дефинирано опкружување, цели, стратегија, мисија и визија, како и завидно успешно досие на остварување на поставените цели. Веќе имаме 84 членки од сите екомномски сектори, чиј број во континуитет се зголемува и по само две години од основањето подготвеност за почеток со оперативно делување, рече Богоева.

&nbsp

Таа посочи дека функционирањето на Бирото ќе носи корист за неговите членки, но ќе има и важна улога во менувањето и модифицирањето на однесувањето и културата на кредитокорисниците, како и за зајкнување на кредитната индустрија. Државата, како што нагласи, ќе ја почувствува користа од функционирањето на Бирото преку зголемената финансиска дисциплина во измирувањето на обврските и во подобрување на деловната клима во целина, како еден од предусловите за странски инвестиции.

&nbsp

Директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија Мајкл Фриц истакна дека кредитните бироа нудат сеопфатни податоци за навиките за плаќање на долговите и за тековните долгови на барателите на кредити и им овозможуваат на кредитодавателите да позајмуваат средства.

&nbsp

– Целта на Проектот за деловно опкружување на УСАИД е да придонесе во градењето на човечките и функционалните капацитети на првото приватно македонско кредитно биро, рече Фриц.

&nbsp

Тој нагласи дека Кредитното биро треба да помогне во зголемување на пристапот на приватниот сектор до средства.

&nbsp

– Кредитното биро треба да даде придонес во намалувањето на трошоците за физичките лица и да ги мотивира понавремено да ги исплаќаат кредитите, рече Фриц.

&nbsp

Директорот на НЛБ Тутунска банка Ѓорѓи Јанчевски очекува започнувањето на со работа на Кредитното биро поволно да влијае на полесното функционирање на банките и зголемување на кредитната активност.

&nbsp

– Доколку Кредитното биро профункционира онака како што е замислено, а на пат сме тоа да го оствариме, ќе биде одголема помош за полесно функионирање на банките. Досега го имавме кредитниот регистар од НБРМ кој во многу помагаше во работењето бидејќи имавме увид во тоа колку која компанија е задолжена кај другите банки, сега со Кредитното биро се вклучуваат мобилните оператори и јавните претпријатија што значи дека банките ќе имаат уште подобар увид особено при доделувањето на кредитите кај граѓаните за задолженоста, односно за кредитната способност, изјави Јанчевски.

&nbsp

Тоа, според него, ќе значи олеснување на постапката и побрзо давање на кредити.(МИА)

Comments are closed.