Со доделување признанија за најдобрите шалтерски работници Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија денеска го одбележа 31 октомври, Светскиот ден на штедењето.

&nbsp

– Банките во Република Македонија, но и сите ние можеме да бидеме задоволни што и за време на кризата се задржа довербата на граѓаните и фирмите во банкарскиот сектор и склоноста кон штедење. Според последните распложливи податоци во септември годинава вкупните депозити бележат годишен раст од 14,5 отсто. Како резултат на довербата во денарот и високите и атрактивни каматни стапки денарските депозити се зголемија за дури 21 отсто. Притоа депозитите на домаќинствата остварија годишен раст од 18 отсто, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната средба во Стопанската комора по повод одбележувањето на Денот на штедењето.

&nbsp

Тој посочи дека пред кризата во 2007/2008 година депозитите на приватниот сектор кај банките и штедилниците регистрираа високи стапки на раст. Просечниот годишен раст во 2008 година изнесуваше близу 24 отсто, а за него најмногу придонесоа денарските депозити, кои имаа просечен годишен раст до 29,4 отсто. Од крајот на 2008 година, како резултат на големата економска и финансиска криза, како што нагласи, ја зголеми неизвесноста и растот на стапките на депозитите почнаа да забавува.

&nbsp

– Во овој перод можеше да се забележи процес на конверзија на денарските во девизни депозити кој траеше кратко. На почетокот на последниот квартал од 2009 годна овој тренд беше стопиран и почна обратен тренд на зголемување на штедењето и депозитниот потенцијал, нагласи вицепремиерот Ставрески.

&nbsp

Тој посочи дека трендот на зголемување на штедењето ги поттикна банките преку нудење на сигурност, стабилност, квалитетни услуги и поволни каматни стапки за населението и фирмите посебно на денарските заштеди и додаде дека заначајна улога во тоа имаше и Централната банка преку водењето правилна политика.

&nbsp

– Владата со своите политики и мерки во изминатиов период, исто така, влијаеше во насока на зголемување на штедењето и поддршка на стабилноста на банкарскиот сектор преку задржување на високиот степен на макроекономска и фискална стабилност, зголемување на износот на осигурените депозити на 30 илјади евра по депозит на едно физичко лице во една банка, а покрај тоа, подготви и законска одредба со која за две години се одложува оданочувањето на каматата на штедните влогови што требаше да стапи на сила на 1 јануари 2011 година, рече Ставрески.

&nbsp

 

Вицепремиерот нагласи дека нивото на депозитниот потенцијал на банките во август 2010 година е за 14,5 отсто повисоко од нивото од август претходната година, а тоа според него покажува дека довербата на граѓаните и фирмите во банките е голема и оти македонските граѓани имаат навика да штедат.

&nbsp

– Тоа покажува и дека постои простор за зоглемување на кредитната активност на банките, бидејќи домашното штедење е најзначајниот и најквалитетен извор на средства за кредитирање на инвестициите и потрошувачката, а со тоа и на развојот на економијата. Владата во 2011 година ќе помогне во овој дел преку изразената ориентација кон странски извори на средства за финансирање на буџетот со цел домашните средства да останат во функција на развој на еконмијата преку нивно пласирање во форма на кредити за стопанството и граѓаните. Верувам дека банките ќе најдат свој интерес на профитабилна основа со финансирање добри проекти на фирмите и повеќе потрошувачки кредити за населението да го поддржат заздравувањето на економската економија, рече Ставрески.

&nbsp

Гувернерот на НБРМ Петар Гошев истакна дека Македонија во услови на криза не дојде во ситуација да се намалува нивото на заштедите како во многу други земји. За тоа, како што кажа, најголема заслуга имаат домаќинставата кај кои има раст на штедењето за над 17 отсто.

&nbsp

 

– Тоа е заради континуираната доверба од штедачите кои и во најкритичните моменти на светската криза не се откажаа од штедењето. Честитки заслужува и банкарскиот сектор кој работи стабилно и во ниеден момент од 90-тите години наваму заедно со институциите не дозволија Македонија да почувствува системска криза, рече Гошев, додавајќи дека тој тренд треба да продолжи и натаму.
За него е битно што корпоративниот сектор почна да ја зголемува заштедата за 5 отсто и што најголем дел од заштедата е трансфериран во кредитна активност.

&nbsp

Претседателот на Здружението на банкарство при СКМ Ѓорѓи Јанчeвски од НЛБ Тутунска банка рече дека во  2010 година заклучно со септември штедењето бележи пораст од 10 отсто или за 210 милиони евра, а вкупните заштеди достигнале 2,229 милијарди евра.

&nbsp

– Граѓаните пак се враќаат на денарското штедење што е резултат на макроекономската стабилност и стабилноста на курсот на денарот, а секако и на повисоките каматни стапки што ги нудат банките за денарските штедни влогови. Од вкупните штедни влогови 61 отсто се девизини депозити, а 39 отсто се денарските депозити, рече Јанчевски нагласувајќи дека во декември 2009 година денарските депозити изнесуваа 35 отсто од вкупното штедење заради шпекулациите дека ќе претстои девалвација на денарот.

&nbsp

 

Најголем пораст на штедењето во текот на минатата година во регионот, како што кажа, бележи Србија со 14 отсто, потоа следат Македонија и Бугарија со по 8 отсто, Босна и Херцеговина со 7 отсто, а најмал раст на штедењето е забележан во Словенија и Црна Гора од 3 отсто.

Comments are closed.