Скопје, 11 јули 2014 (МИА) – Претставници од Министерството за финансии и Народна банка на РМ од понеделник ќе имаат средби со инвеститори во неколку европски градови по повод потенцијално издавање еврообврзница од страна на Република Македонија.

Како што информираат од Министерството за финансии, рочноста и сумата на која би била издадена еврообврзницата ќе бидат точно одредени по завршувањето на роуд-шоуто, зависно од општите услови на пазарот на капитал и пројавениот интерес за запишување на обврзницата.

– Издавањето на еврообврзницата е со цел финансирање на буџетските потреби за оваа и следната година, како и исплата на доспеаните обврски и обврските кои ќе доспеваат во наредниот период, вклучувајќи ја и издадената еврообврзница од 2005 година, која доспева во 2015 година, информираат од Министерството за финансии .

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window