Скопје, 12 јануари 2015 (МИА) – Во Министерството за финансии од денес е отворена канцеларијата „Купи куќа, купи стан“ во која граѓаните секој работен ден од 10 до 15 часот ќе добиваат повеќе информации како да го решат станбеното прашање.

Сите заинтересирани ќе можат да се информираат како да добијат субвенција од Владата за станбен кредит, која може да достигне до 14 илјади евра неповратни средства, потоа каде има станови до 900 евра за метар квадратен, каде има плацеви за изградба на куќи итн.
Министерството за финансии информира дека посетеноста е голема и нагласува дека целта на канцеларијата е максимално поедноставување на постапката за граѓаните најбрзо да дојдат до сопствен дом.

Проектот „Купи куќа, купи стан“ е наменет за граѓаните кои го немаат решено станбеното прашање. Владата преку исплата на 50 или 75 проценти од ратата или учеството на станбениот кредит им помага на граѓаните да го решат ова животно прашање.

Comments are closed.