Министерството за финансии – Управа за имотно – правни работи во текот на март 2015 година ќе ја спроведе акцијата „ОТВОРЕНО СО УПРАВАТА ЗА ИМОТНО – ПРАВНИ РАБОТИ“.

На овој начин сакаме да им излеземе во пресрет на граѓаните преку непосредна комуникација со нашите стручни тимови да добијат стручна помош за решавање на проблемите од имотно – правен карактер.

Акцијата ќе се реализира во просториите на подрачните одделенија на Управата за имотно – правни работи ширум Македонија од 08:30 до 17:30 часот согласно следниот распоред:

2.3.2015: Велес и Центар;

3.3.2015: Кавадарци и Кисела Вода;

4.3.2015: Ресен и Битола;

5.3.2015: Берово и Делчево;

6.3.2015: Штип и Пробиштип;

7.3.2015: Кратово и Крива Паланка;

9.3.2015: Радовиш и Струмица;

10.3.2015: Тетово и Гостивар;

11.3.2015: Неготино и Карпош;

12.3.2015: Прилеп и Крушево;

13.3.2015: Куманово и Свети Николе;

14.3.2015: Демир Хисар и Гази Баба;

16.3.2015: Струга и Дебар;

17.3.2015: Кичево и Македонски Брод;

18.3.2015: Гевгелија и Валандово;

19.3.2015: Охрид и Чаир;

20.3.2015: Кочани и Виница.

 

Comments are closed.