Од денеска во Неготино почна со работа Центарот за складирање и впаричување на запленети движни ствари врз основа на неплатени даноци.

&nbsp

Ова е прв ваков центар отворен во државата со кој се овозможува на едно место да се сместат запленетите работи од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) по основ на неплатени даноци што ќе може да се купуваат преку јавни аукции.

&nbsp

Неготино е избран како град поради еднаквата просторна оддалеченост од кое било место во државата што ќе овозможи полесен пристап и намалување на трошоците за клиентите заинтересирани да учествуваат на јавните аукции.

&nbsp

Центарот официјално го пуштија во употреба вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на УЈП Горан Трајковски.

&nbsp

– Со ова на едно место во центарот на Македонија, во Неготино, го концентрираме сиот движен имот што е запленет по основ на неплатени даноци и на тој начин веруваме дека ќе успееме на многу поефикасен начин и со повисока наплата на средствата по пат на јавни и транспарентни аукции да наплатиме средства во буџетот, нагласи вицепремиерот Ставрески по отворањето на Центарот.

&nbsp

Директорот на УЈП Трајковски очекува дека со ова ќе се добие поголема транспареност и забрзана постапка на впаричување на запленетите движни ствари.

&nbsp

– Очекувањата на Управата се дека со една централна единица на впаричување добиваме на транспаретност, квалитетот и унифицирана постапка за сите даночни обврзници во Република Македонија и забрзана постапка на впаричување на средствата што е единствена цел на УЈП за наплата на даночниот долг, рече Трајковски.

&nbsp

УЈП минатата година по пат на присилна наплата ефектиурала три милијарди 170 милиони денари од кои 35 милиони денари по пат на продажба на стоките за кои не е платен данок.

&nbsp

До отворањето на Центарот, запленетите движни ствари беа складирани во неколку пуктови во државата со го правеше системот понеефикасен и се губеше повеќе време.(МИА)

Comments are closed.