Скопје, 20 август 2013 (МИА) – Министерството за финансии ја откажа денешната аукција на државни хартии од вредност. Ова е трет пат во еден месец Министерството да откаже предвидена аукција на државни записи и обврзници.
– Целта е да се излезе во пресрет на барањето на бизнис заедницата за зголемување на понудата на пазарот на капитал со оставање повеќе слободни средства кај банките кои понатаму би се пласирале како кредити, се вели во соопштението од Министерството за финансии.
Буџетот пак, наведуваат од Министерството, има добра ликвидност и редовно се сервисираат буџетските обврски – исплатата на плати и пензии, обврски кон стопанството по основ на ДДВ и фактурирани работи.