19 јули 2019, Скопје – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик министерката за финансии, Ширет Елези денеска остварија средба со регионалната директорка на Светска Банка за земјите од Западен Балкан, Линда Ван Гелдер и со директорот на Светска Банка за Северна Македонија, Косово, Европа и централна Азија, Марко Мантованели.

На средбата се потенцираше одличната соработка со Светска Банка во насока на нејзино интензивирање во реализацијата на заедничките проекти на кои е воспоставена соработка и на реформските процеси значајни за зајакнување на економијата, социјалната сигурност и институционалните капацитети на државата.

На средбата беше зборувано и за реализација на четиригодишната стратегија за соработка на Република Северна Македонија и Светска банка, односно Рамката за соработка со Светска банка 2019-2023. Станува збор за проекти во вредност од околу 420 милиони долари кои се насочени кон подобрување на инфраструктурата во земјава и вложување во човечкиот капитал.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.

Close Search Window