Претставници на Здружението на пензионери „Достоинство“ денеска на прием кај министерот за финансии Зоран Ставрески изразија благодарност за завчерашната владина одлука согласно која,10.000 пензионери од идната година ќе можат бесплатно да одмораат и да се негуваат во македонските бањи.
 
– Нека продолжи Владата вака да се грижи за нас пензионерите, а ние ќе и изразиме голема благодарност, рече Донка Грујовска по средбата со Ставрески кој им ги образложи условите од одлуката.
 
Министерот уште еднаш повтори дека вкупно предвидените 90 милиони денари за следната година се веќе обезбедени.
 
– Се додека имаме можност да ја креираме политиката во државата, секоја година по најмалку 10.000 пензионери ќе добиваат бесплатна нега и престој во македонските бањи, истакна Ставрески.(МИА)