Ви ја претставуваме нацрт Програмата на економски реформи за 2016 година (ПЕР 2016), која Владата на Република Македонија ќе ја достави до Европската комисија до 31 јануари 2016 година, по усвојување на нејзиниот конечен текст.
Со подготовка на ПЕР, Владата на Република Македонија од 2014 година се приклучи кон пристапот на Европската комисија за поддршка на долгорочен раст и конкурентност преку економското управување како клучен столб во процесот на проширување, со цел да се обезбеди подобро известување за националните планови за економски политики, вклучително и потребните структурни реформи.
Нацрт ПЕР 2016 е подготвена преку веќе воспоставениот национален процес на консултации централно координиран од страна на Министерството за финансии. Изработката на документот е согласно „Насоките за програми за економски реформи“ издадени од Европската комисија. Во изработката е користена експертска поддршка од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Со оглед на важноста на овој документ и потребата тој да биде квалитетно изработен, се спроведува процес на широка вклученост на заинтересирани страни на национално ниво. Затоа ги покануваме: бизнис заедницата, универзитетите, локалните власти, социјалните партнери, граѓанскиот сектор и другите заинтересирани страни за активен придонес во процесот на изработката на документот.
Вашите мислења, коментари и предлози може да ги доставите најдоцна до 31 декември 2015 година на следните е-маил адреси:
Andrija.Aleksoski@finance.gov.mk координатор на Програмата на економски реформи