31 октомври 2018, Скопје – Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државниот и јавниот долг за третото тримесечје од годинава, односно заклучно со септември 2018 година.

На крајот од третото тримесечје, државниот долг изнесува 40,3% од бруто домашниот производ (БДП), додека јавниот долг изнесува 48,2% од БДП.

Споредено со вториот квартал на 2018 година, во третиот квартал нема промена кај државниот долг, додека јавниот долг е повисок за 0,1 процентни поени.

Comments are closed.