Образец за жалба

Формулар за поднесување на коментари

Известување за Јавна расправа на Плановите за управување со животната средина и со социјалните работи (ПУЖССР) за реконструкција на 15 објекти на Министерството за здравство со мерки за енергетска ефикасност во Република Северна Македонија


ЈЗУ Универзитетска Клиника за Физикална медицина и рехабилитација – Скопје

Краток опис на проектот: Реализацијата на овој проект опфаќа, изолација на топлинската обвивка на објектот, понатаму замена на стaрата фасадна столарија, изолирање на подовите од страна на ниво -1, воведување енергетско ефикасно осветлување, комплетна замена на системот за греење на простотот и инсталирање на нов извор за централно снабдување со енергија за греење (топлинска пумпа воздух-вода), додека во просториите и канцелариите кои имаат потреба да работат во повеќе смени (прва помош, лабораторија и сл.) ќе се инсталираат поединечни единици.


ЈЗУ Здравствен дом Скопје

Поликлиника “Идадија”

Краток опис на проектот: Реализацијата на овој проект опфаќа, изолација на топлинската обвивка на објектот, замена на стaрата фасадна столарија, понатаму корекција на топлинската станица со цел замена на дотраената опрема далечинско управување и автоматизација, делумна корекција на дистрибутивна мрежа внатре во установата во целосна координација со испорачател на топлинска енергија, воведување енергетско ефикасно осветлување и воведување на систем од сончеви колектори.


ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија – Скопје

Краток опис на проектот: Реализацијата на овој проект опфаќа, заменета електричната инсталација, замена на осветлувањето, системот за греење, ќе биде поставен нов централен систем за ладење, поставена ќе биде и термоизолација на објектот, ќе се изврши реконструкција на кровот и замена на прозорците и вратите на истиот.


ЈЗУ  Здравствен дом „Проф. д-р Димитар Арсов“, Крива Паланка

Краток опис на проектот: Реализацијата на овој проект опфаќа, изолирање на покривните конструкции; изолирање на фасадата; изолирање на подни конструкции (освен под на земја); замена на прозорците и надворешните врати со нови согласно критериумите дадени во Извештајот од енергетската контрола; подобрување на постоечкиот систем за греење со сите потребно мерки за добивање на  енергетски ефикасен систем за греење согласно Варијантата 1 од ЕК. и замена на светилките со нови енергетско поефикасни вклучително.

Амбуланта – н.м. Герман

Краток опис на проектот: Реализацијата на овој проект опфаќа, изолирање на покривните конструкции; изолирање на фасадата; замена на прозорците и надворешните врати со нови согласно критериумите дадени во Извештајот од енергетската контрола; замена и дополна на постоечкиот систем за греење применувајќи ја варијантата 1 од ЕК, односно инсталирање на топлинска пумпа,мулти сплит систем; замена на светилките со нови енергетско поефикасни вклучително арматурите и инсталацијата.


ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар

Краток опис на проектот: Реализацијата на овој проект опфаќа, изолација на топлинската обвивка на објектот, замена на стaрата фасадна столарија, воведување енергетско ефикасно осветлување и инсталирање на нов извор за централно снабдување со енергија за греење (топлинска пумпа вода-воздух).


ЈЗУ ЗД Прим. Др. Ѓорѓи Гавриловски Свети Николе, амбуланта Лозово

Краток опис на проектот: Реализацијата на овој проект опфаќа, изолација на топлинската обвивка на објектот, изолација на таванската конструкција од горна страна, понатаму замена на стaрата фасадна столарија, воведување енергетско ефикасно осветлување, инсталирање на нов извор за централно снабдување со енергија за греење на топлински пумпи и воведување на сончеви колектори за подготовка на санитарна топла вода.


ЈЗУ ЗД Здравје – Валандово

Краток опис на проектот: Реализацијата на овој проект опфаќа, изолирање на фасадата; замена на прозорците и надворешните врати со нови согласно критериумите дадени во Извештајот од енергетската контрола; изолирање на дел од подовите согласно препораките од ЕК; замена и дополна на постоечките механички вентили со нови термостатски вентили на радијаторскиот систем за греење; замена на светилките со нови енергетско поефикасни вклучувајќи ја и арматурата.


ЈЗУ ЗД  „Д-р Нада Михајлова“ Пробиштип

Краток опис на проектот: Реализацијата на овој проект опфаќа, изолација на покривните конструкции; изолација на фасадата; изолациони подни конструкции кои се дел од топлинската обвивка, според ЕК; замена на прозорците и надворешните врати со нови според критериумите дадени во Извештајот од енергетска контрола; замена на постоечките механички вентили со нови термостатски вентили на радијаторската мрежа; замена на светилките со нови, енергетски поефикасни, вклучувајќи арматури и монтажа.

ЈЗУ Амбуланта Злетово н.м. Злетово

Краток опис на проектот: Реализацијата на овој проект опфаќа, изолација на покривните конструкции; изолација на фасадата; изолациони подни конструкции кои се дел од топлинската обвивка, според ЕК; замена на прозорците и надворешните врати со нови според критериумите дадени во Извештајот од енергетска контрола; замена на постоечките механички вентили со нови термостатски вентилина радијаторската мрежа; замена на светилките со нови, енергетски поефикасни, вклучувајќи арматури и монтажа; замена на постоечкиот покрив од азбест – цементни плочи со покрив од челичен пластифициран ребраст лим.


ЈЗУ ЗД Неготино

Здравствена станица Демир Капија 

Краток опис на проектот: Реализацијата на овој проект опфаќа, изолација на топлинската обвивка на објектот, замена на азбестно цементниот кров и изолација на таванската конструкција од горна страна, замена на стaрата фасадна столарија, воведување енергетско ефикасно осветлување, инсталирање на индивидуални топлински пумпи за секоа просторија и воведување на систем од сончеви колектори за подготовка на санитарна топла вода.

Здравствен пункт н.м. Долни Дисан

Краток опис на проектот: Реализацијата на овој проект опфаќа, изолација на топлинската обвивка на објектот, изолација на таванската конструкција од горната страна со камена волна, замена на стaрата фасадна столарија, воведување енергетско ефикасно осветлување, инсталирање на индивидуални топлински пумпи за секоја од просториите т.е. локални клима-уреди и воведување на систем од сончеви колектори за подготовка на санитарна топла вода со централен бојлер.


ЈЗУ ЗД „Д-р Иван Георгиев“ Пехчево

Краток опис на проектот: Реализацијата на овој проект опфаќа, изолација на покривните конструкции; изолација на фасадата; изолациони подни конструкции кои се дел од топлинската обвивка, според ЕК; замена на прозорците и надворешните врати со нови според критериумите дадени во Извештајот од енергетска контрола; замена и дополнување на постојниот систем за греење со инсталирање на нов независен систем/топлинска пумпа во собата за итни случаи; замена на светилките со нови, енергетски поефикасни, вклучувајќи арматури и монтажа.


ЈЗУ ЗД „Д-р Панче Караѓозов“ Штип 

Краток опис на проектот: Реализацијата на овој проект опфаќа, изолација на покривните конструкции; изолација на фасадата; изолациони подни конструкции кои се дел од топлинската обвивка, според ЕК; замена на прозорците и надворешните врати со нови според критериумите дадени во Извештајот од енергетска контрола; подобрување на постојниот систем за греење со сите неопходни мерки за добивање на енергетски ефикасен систем за греење според варијанта 2 од ЕК, централни топлински пумпи, но со модификација во смисла на замена на котелот на фосилни горива со котел на пелети, замена на светилките со нови, енергетски поефикасни, вклучувајќи арматури и монтажа.


ЈЗУ ЗД Кратово

Краток опис на проектот: Реализацијата на овој проект опфаќа, изолирање на покривните конструкции; изолирање на фасадата; изолирање на подни конструкции (освен под на земја); замена на прозорците и надворешните врати со нови согласно критериумите дадени во Извештајот од енергетската контрола; замена на постоечкиот систем за греење со нов енергетски ефикасен систем за централно греење согласно Варијантата 2 од ЕК, односно воведување централна топлинска пумпа; замена на светилките со нови енергетско поефикасни вклучително арматурите и инсталацијата.


ЈЗУ ЗД Ресен

Краток опис на проектот: Реализацијата на овој проект опфаќа, замена на кровната покривка изведена од азбестно – цементни плочи со пластифициран лим, изолација на таванската конструкција од надворешна страна со камена волна, воведување на енергетско ефикасно осветлување замена на котелот на дрва со нов комбиниран котел со можност за работа и на пелети, нов горилник за дрва и воведување на сончеви колктори за санитарна топла вода.


ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Дебар

Краток опис на проектот: Реализацијата на овој проект опфаќа, изолација на топлинската обвивка на објектот, понатаму замена на стaрата фасадна столарија, воведување енергетско ефикасно осветлување и инсталирање на нов извор за централно снабдување со енергија за греење (топлинска пумпа вода-воздух).

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian

Comments are closed.