28 март 2018 година, Скопје – Мерката за зголемување на минималната плата, дава резултати. Вработеноста е зголемена, а просечната плата исплатена во јануари забележа најголем раст на платите од 2010 година. 

 

Ова беше истакнато од вицепремиерот Кочо Анѓушев и од министерот за финансии, Драган Тевдовски на економскиот форум на тема „Македонската економија, помеѓу визија и дилема: предизвици на економските политики“, организиран од „Фајненс тинк“.

 

– Се стравуваше дека оваа мерка ќе резултира со отпуштања. Но, такво нешто не се случи. Невработеноста е намалена, а просечната плата во јануари оствари раст од 5,6 проценти во однос на јануари минатата година, рече Тевдовски.

На форумот со свои излагања учествуваа и претставникот на ММФ за Македонија, Себастијан Соса и Марко Мантованели, директор за Македонија во рамки на регионот на Европа и централна Азија при Светска банка.

Comments are closed.