Порастот на индустриското производство за декември од 20 проценти што го објави Државниот завод за статистика и претходно порастот од четири проценти се првите сериозни знаци за стабилизација на индустријата и економијата во Македонијаи за почеток на излегување од рецесијата, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски.
 
Според него,несомнено тие показатели даваат охрабрувачки простор за умерен оптимизам во однос на очекувањата за годинава.
 
– Но, од друга страна потребно е и натаму да се остане активен и ангажиран и од аспект на Владата и мерките и политиките што ги носи таа и од аспект на стопанството во функција на поефикасно и навремено користење на одобрените срества од кредитната линија на Европската инвестициска банка и сите други работи кои може да помогнат индустриското производство побрзо да закрепне, изјави министерот Ставрески во републичкото Собрание.
 
Факт е, укажа тој, дека со вака сериозен пораст на индустриското производство од 20 проценти можеме да кажеме оти се видливи првите знаци на сериозно закрепнување на индустријата и на економијата во Македонија.(МИА)