Скопје, 30 јануари 2012 (МИА) – Информативниот караван на Министерството за финансии за проeктот „Купи куќа, купи стан“ денеска продолжува во Супер Тинекс, кај „Годел“. Граѓаните ќе имаат можност да се информираат за сите детали поврзани со аплицирањето за субвенционираните станбени кредити.

 

Претставници на Министерството за финансии и на осумте банки-учеснички од 11:00 до 17:00 часот, на свои промотивни штандови ќе делат летоци и ќе ги информираат граѓаните за сите детали од проектот. Заинтересираните може да аплицираат за субвенции за станбен кредит на штандовите поставени во маркетот.

 

Аплицирањето за субвенции за станбени кредити, кое почна на 25. овој месец ќе трае до 1 март во една од осумте банки-учеснички во проектот: НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка Скопје, Охридска банка, Шпаркасе банка, Стопанска банка Битола, ТТК банка, Алфа банка и ПроКредит банка.

 

Караванот на Министерството за финансии, од утре се сели во другите градови низ Македонија. Утре, граѓаните на Тетово ќе имаат можност да се информираат за проектот „Купи куќа, купи стан“ во Веро.

 

Comments are closed.