Скопје, 15 мај 2012 (МИА) – Македонија потпиша договор за одбегнување двојно оданочување и заштита на инвестициите со Големото Војводство Луксембург. Договорот денеска во Брисел го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за финансии на Луксембург, Луц Фриден.

 

Договорот, како што соопшти Министерството за финансии, претставува правна рамка и основа за унапредување на економската соработка помеѓу двете држави како во доменот на размената на стоки и услуги, така и во доменот на заедничките вложувања. Со склучувањето на овој договор ќе се овозможи слободен проток на луѓе, капитал, доход, услуги и слично, како и натамошно стимулирање и интензивирање на економските односи помеѓу двете држави.

 

Република Македонија со овој договор ја проширува мрежата на склучени меѓународни договори за одбегнување двојното оданочување со земјите членки на Европската унија, а со почетокот на примената на Договорот со Големото Војводство Луксембург, широко се отвораат можностите за поттикнување и реализација на потенцијалните инвестиции од страна на деловните субјекти на двете држави кои можат својот интерес за инвестирање да го пронајдат во едната, односно другата држава договорничка.

 

Comments are closed.

Close Search Window