Граѓаните кои сакаат да го откупат дворното место од денеска тоа можат да го сторат само со поднесување на барање за откуп во Управата за имотно-правни работи, а во текот на постапката дополнително ќе може да го приложат имотниот лист.
 
Ова го соопшти денеска Министерството за финансии, од каде наведуваат дека заклучно со петокот во Управата за имотно-правни работи пристигнати се над 50.000 барања на граѓаните за откуп на дворните места.
 
За да се приватизира земјиштето по симболичната цена од 1 евро за метар квадратен, како што се наведува во соопштението доволно е граѓаните само да ја отпочнат постапката до 27 јануари, кога е крајниот рок.
 
За да им се излезе во пресрет на граѓаните кои сакаат да поднесат барање за откуп на дворното место, Управата за имотно-правни работи ќе работи за време на викендов и тоа денеска до 18 и 30 часот, а утре од 8 и 30 часот до 14 и 30 часот.(МИА)