Околу 15 илјади корисници на социјална помош од Скопје и околината од денеска имаат можност да купуваат производи по намалени цени во СОС маркети. За да го направат тоа потребно е при пазарувањето само да ја приложат картицата што ќе ја добиваат во центрите за социјална работа.

&nbsp

Почетокот на владниот проект за СОС маркетите беше означен во СП маркетот во скопската oпштина Кисела Вода, во присуство на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами. Освен во СП маркетите, СОС производи ќе има и во маркетите на Тинекс. Производите ќе бидат означени и ќе се продаваат по пониски цени, кај прехранбените до 20-ина проценти, а кај средствата за лична хигиена до 25 отсто.

&nbsp

Министерот за труд и социјална политика Баjрами верува дека оваа акција ќе биде поддржана и од други компании, сопственици на ланци маркети со цел како што рече таа да се прошири, не само во Скопје, каде се реализира како пилот проект, туку и во другите градови.

&nbsp

– Процедурата за добивање на картичките со кои ќе можат по поевтини цени да се набавуваат производите е многу едноставна. Единствено што треба да го направат корисниците на социјална помош е да појдат во центрите за социјални работи каде тие ќе им бидат издадени. Потоа нив, заедно со документ за идентификација, ќе треба да ги приложат при пазарењето, рече Бајрами.

&nbsp

Вицепремиерот Ставрески им се заблагодари на овие две компании, за, како што рече, тоа што им дале можност на најзагрозените македонски граѓани да ги купат потребните продуктите по пониски цени од регуларните.

&nbsp

– Сметам дека вака фирмите покажаа солидарност со македонските граѓани во вакви тешки услови на криза. Фирмите не добиваат ништо освен на реноме, и тоа што покажуваат дека се квалитени фирми кои имаат разбирање за потрошувачите, оти се општествено одговорни што се цени и кај нас и во светот, рече Ставрески.

&nbsp

Корисниците на социјална помош ќе може да го остваруваат своето право на купување производи по намалени цени до висина на социјалната помош што ја примаат, но не повеќе од 5.000 денари во текот на еден месец. Тие ќе добијат потврда за идентификација што ќе ја издава Центарот за социјални работи со која ќе може да ги набавуваат потребните производи.(МИА)

 

07.12.2009 Отворена првата СОС продавница во Скопје(слики од настанот).

 

Comments are closed.