Граѓаните и фирмите од денеска (02.10.2010) во сите деловни банки ќе можат да ги подигнат средствата од 18-та рата од обврзницата за старо девизно штедење.
 
Во текот на вчерашниот ден Министерството за финансии исплати 1.450 милиони денари на сметките на сопствениците на обврзниците.
 
Ги известуваме оние сопственици на обврзници кои се уште немаат посочено банкарска сметка, да се обратат до една од деловните банки на Република Македонија и да ја пополнат потребната документација.
 
Заклучно со 2011 година ќе бидат исплатени и последните две рати од обврзницата за старо девизно штедење, со што целосно ќе бидат обештетени оние граѓани и правни лица чии девизни заштеди беа заробени на сметките на деловните банки при распадот на поранешна СФРЈ.
 
Министерството за финансии останува доследно во определбата за редовно и навремено сервисирање на сите свои обврски што води кон подобрување на ликвидноста на стопанството и граѓаните.