Прилеп, 20 март 2013 (МИА) – Од денеска почнува исплатата на субвенциите за поледелците, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој присуствуваше на поставувањето камен-темелник на првиот капацитет во индустриската зона Прилеп 1.

– Исплативме субнвенции за млекото, за овчарите, за сопствениците на говеда, а во текот на денешниов ден извршивме исплата на 352 милиона денари за поледелските култури, за пченица, пченка, јачмен, просо, детелина и за оризот, рече Ставревски, нагласувајќи дека со оглед на тоа што буџетот е во добра кондиција, Владата продолжува да ги поддржува земјоделците.

Од вчера тече и исплатата на субвенциите за тутунот. Почна за кооперантите на пет откупувачи, а до крајот на неделава и за тутунарите на прилепскиот комбинат.

– Вкупно, на име субвенции за тутунот, Владата до крајот на неделава ќе исплати 26 милиони евра, 23 милиони исплативме вчера за сите освен три комбинати меѓу кои и прилепскиот. Тие Ќе бидат исплатени до петок. До петок уште 3.500 кооперанти на прилепскиот тутунски комбинат ќе бидат доисплатени со што целосно ќе ја заокружиме исплатата на субвенциите за тутунот, изјави Ставрески.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.