Прилеп, 29 јуни 2012 (МИА) – Вицепремиерот и министер за финансиии Зоран Ставрески денеска во Прилеп со градоначалникот Марјан Ристески потпиша договор за користење на 33 милиони денари од кредитот на Светска банка за изградба на булеварот на влезот на градот.

 

– Задоволство ми е што Владата ќе му помогне на Прилеп да го реши овој децениски проблем и булеварското решение на улицата „Александар Македонски“ да придонесе за поквалитетно живеење и за развој на стопанството, истакна вицепремиерот Ставрески.

 

Тој нагласи дека парите што ги користи Прилеп се од првата транша од кредитот од Светска банка од 18 милиони евра за инфраструктурни зафати во општините. Досега пари за тоа користат 20 општини.

 

Вицепремиерот најави дека веќе се при крај и подготовките за новите средства од Светска банка за инфраструктурни зафати за општините во висина од 37 милиони евра.

 

– Со Светска банка ја почнавме постапката навреме и веќе сме пред завршување за добивање на новите средства од 37 милиони евра зашто општините се интересираат и сакаат да заокружат инфраструктурни проекти, а Владата ги поддржува, истакна Ставрески.

 

Булеварското решение што ќе се гради во Прилеп е во должина од 790 метри со широчина од 13,5 до 16,5 метри и ќе чини 26 милиони денари. Мостот и потпорниот ѕид ќе чинат по два милиона денари, а 3,5 милиони денари ќе се потрошат за улично осветлување.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.