Програма на економски реформи 2024-2026
Програмата на економски реформи (анг. Economic Reform Programme – ERP), е најважен стратешки документ во економскиот дијалог со Европската комисија и земјите членки на ЕУ. Овој документ се изработува секоја година и претставува подготовка за учество во процесот на економски и фискален надзор на земјите членки на ЕУ, односно за вклучување во процесот на европскиот семестар за координација на економските политики во ЕУ.
Програмата содржи среднорочна рамка на макроекономската и фискалната политика, и детален приказ на структурни реформи кои треба да придонесат за зголемување на конкурентноста на економијата и креирање на работни места. Програмата во делот на структурни реформи ќе биде основа за подготовка на реформската агенда за земјата, а согласно Планот за раст за земјите од Западен Балкан најавен од ЕУ, со цел забрзано интегрирање на земјите во единствениот пазар на ЕУ.
Подготовката на овој документ на ниво на Влада е координирана од страна на Министерството за финансии, и е резултат на интензивна меѓуресорска соработка. По нејзиното доставување до ЕК, програмата се разгледува со претставници на ЕУ во текот на април и мај, во рамки на економско-финасискиот дијалог при Советот на ЕУ. Дијалогот завршува со усвојување на заеднички заклучоци со препораки за земјата, кои треба да се земат предвид при подготовка на наредната програма на економски реформи.
Програмата на економски реформи 2024-2026 година е усвоена од страна на Владата на Република Северна Македонија на 16 јануари 2024 година, и официјално е доставена до Европската Комисија на 17 јануари 2024 година. Повеќе информации за ПЕР прочитајте овде.
Програма на економски реформи 2024-2026
Програма на економски реформи 2023-2025
Програма на економски реформи 2022-2024
Програма на економски реформи 2021-2023
Програма на економски реформи 2020-2022
Програма на економски реформи 2019-2021
Програма на економски реформи 2018-2020
Програма на економски реформи 2017-2019
Програма на економски реформи 2016-2018
Национална програма на економски реформи 2015-2017
Претпристапна економска програма 2014-2016
Претпристапна економска програма 2013-2015
Претпристапна економска програма 2012-2014
Претпристапна економска програма 2011-2013
Претпристапна економска програма 2010-2012
Претпристапна економска програма 2009-2011
Претпристапна економска програма 2008-2010