Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески најави дека и оваа година, како и во наредната 2015 година продолжува владиниот проект за стимулирање и развој на градежништвото, но и поволен за граѓаните, „Купи куќа, купи стан“.

Скопје, 23 септември 2014 (МИА) – Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески најави дека и оваа година, како и во наредната 2015 година продолжува владиниот проект за стимулирање и развој на градежништвото, но и поволен за граѓаните, „Купи куќа, купи стан“. Според Ставрески, Буџетот има доволно средства за реализација на проектот.

– Неодамна ги подобривме и условите, односно ја намаливме каматната стапка за граѓаните на 3,95 проценти за првите 3 години и 4,44 проценти за четвртата и петтата година, доколку се работи за моделот-половина рата. Тоа се извонредни и незабележани досега услови на нашиот пазар,а граѓаните добро реагираат и има зголемен интерес откако ја намаливме каматната стапка, појасни Ставрески.

Досега, информираат од Министерството за финансии, 331 семејство го решиле станбеното прашање со овој проект, а заинтересираност има во сите градови низ Македонија. Засега, граѓаните повеќе се решаваат за купување стан. Од 331 семејство, околу 270-280 се одлучиле за стан, но по намалувањето на каматната стапка интересот за куќа се зголемува.

– Едниот модел е „половина рата“ каде што граѓанинот учествува со половина средства за ратата. Ако е стан станува збор за половина рата, а ако е куќа тоа се 75 проценти од ратата покрива државата, а 25 проценти само граѓанинот. Ако земете 50.000 евра а станува збор за стан, месечната рата доаѓа 300 евра, од тие 300 евра 150 евра плаќа државата и 150 евра плаќатие вие, првите три години. Потоа доаѓа по 155 евра за 4-та и 5-та година, исто по 155 евра граѓанинот и државата. Ако се решите за куќа тука државата зема уште поголемо учество во плаќањето. Ако е 300 евра ратата, 225 евра покрива државата а само 75 евра плаќа граѓанинот, истакна вицепремиерот и министер Ставрески.

Во однос на тоа дали граѓаните се решаваат за тоа државата да им покрие дел од ратата или дел од учеството, повеќето од нив, потенцира, се решаваат за покривање на месечната рата, но граѓани кои потешко обезбедуваат учество за добивање кредит се решаваат за вториот модел.

Comments are closed.