Подобрување на конкурентноста заради поголем економски раст и зголемување на стапката на вработеност вклучувајќи ги и ранливите групи се едни од главните цели на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007/2013 од четвртата компонента на инструментот за пристапна помош (ИПА) што денеска беше промовирана во Владата.

&nbsp

За реализација на Програмата, ЕК на Македонија и стави на располагање 16,3 милиони евра, а Владата обезбеди средства во износ од 2,9 милиони евра. Дополнителни 1,5 милиони евра ќе бидат доделени во форма на грантови за НВО секоторот за проекти за обука на жените од малцинските етнички заедници, за што огласот е распишан на 24 јуни, годинава.

&nbsp

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески истакна дека од добивањето на акредитацијата во октовмри 2009 година почнати се активности за подготовка на проекти кои ќе се финансираат преку оваа програма. Приоритети се модернизација на едукативните програми за соодветни образовни профили кои се бараат на пазарот на труд, зајакнување на капацитетот на Агенцијата за вработување и Министерстото за труд и социјална политика во спроведување политики за поттикнување на вработувањето вклучително и на ранливи групи.

&nbsp

Според него, акредитацијата е само почеток на процесот на градење на капацитетите на државната администрација и конкурентноста на работната сила што ќе придонесе за ефективно трошење на претпристапната помош, но и за целокупниот процес на интегрирање на Македонија во ЕУ.

&nbsp

– Инструментот за претпристапна помош не се само средства кои финансиски ќе ја поддржат Македонија. Тоа е уште повеќе механизам преку кој нашата јавна администрација и сите ние граѓаните на Република Македонија треба да ги осознаеме европските вредности и да им дадеме европска димензија на нашите домашни политики, посочи Ставрески.

&nbsp

Според амбасадорот на Европската Комисија во Република Македонија Ерван Фуере, оваа Програма е значаен чекор за земјата во нејзината подготовка не само за справување со кризата и зголемување на економскиот раст и подготовката на земјата за интеграција во ЕУ
Покрај овие средства, во тек е редовно репрограмирање на Оперативната програма за развој на човечки ресурси со која на Македонија до 2014 година Европската комисија ќе и одобри дополнителни 20,4 милиони евра, средства што ќе бидат наменети за нови проекти во областа на вработувањата, социјалната вклученост и образованието.(МИА)

Comments are closed.