Истурените пунктови низ Македонија за наградната игра „ Фискална во рака – награди без мака“ стартуваат од утре . Симболично го отпочнуваме одбројувањето до новото извлекување на наградната игра кое ќе биде на 24 февруари 2014 год. Пунктовите на Државна лотарија на Македонија, каде граѓаните ќе можат да ги оставаат ковертите со фискални сметки за учество, ќе се движат по градовите во насока на стрелките на часовникот. Граѓаните ќе можат од 10:00 до 16:00 часот да го достават своите пликоа во сандачињата за наградната игра пред продажните места на Државна Лотарија според следниот распоред:
Вторник 11.02. ВЕЛЕС (продажно место ЛОТО77)
Среда 12.02. ШТИП (продажно место ТУТУН ПРОМ)
Четврток 13.02. КОЧАНИ (продажно место АНАФИЛ)
Петок 14.02. СТРУМИЦА (продажно место ВАТКОС)
Сабота 15.02. ГЕВГЕЛИЈА (продажно место МОНТЕ МК)
Недела 16.02. КАВАДАРЦИ (продажно место СИГМА)
Понеделник 17.02. ПРИЛЕП (продажно место ТОБАКО ПЛУС)
Вторник 18.02. БИТОЛА (продажно место ВАГАБОНД)
Среда 19.02. ОХРИД (продажно место ПРАГМА)
Четврток 20.02. СТРУГА (продажно место КИКИ ТВИНС)
Петок 21.02. КИЧЕВО (продажно место АНДРОКО)
Сабота 22.02. ГОСТИВАР (продажно место ЈОТОН)
Недела 23.02. ТЕТОВО (продажно место БАРТОН)
Во Скопје пак, секој ден ќе функционираат три истурени пунктови на Наградната игра и тоа на улица „Македонија“ пред Толлакс – продажно место на Државна Лотарија, во „Техномаркет“ – Сити Галери и во зградата на МРТВ.