25 август 2017 Скопје – Министерството за финансии денеска ја објави реализацијата на приходите и расходите за месец јули.
Во месец јули остварени се вкупни приходи во износ од 15.174 милиони денари. Од нив 9.248 милиони денари се даночни приходи, придонеси 4.340 милиони денари, неданочни приходи се 910 милиони денари, додека останатите приходи се во износ од 676 милиони денари.
Во месец јули реализирани се вкупни расходи во износ од 17.569 милиони денари, од кои за тековни расходи издвоени се 16.787 милиони денари, додека средствата за капитални расходи се реализирани во износ од 782 милиони денари.
За месец јули остварен е дефицит во износ од 2.395 милиони денари.
Вкупните приходи во буџетот за периодот јануари – јули 2017 година изнесуваат 101.542 милиони денари.
Вкупните расходи во буџетот за периодот јануари – јули 2017 година изнесуваат 112.243 милиони денари.
Со тоа, во периодот јануари-јули 2017 година, Буџетот на Република Македонија оствари дефицит во износ од 10.701 милиони денари.
Фискалната табела мошете да ја преземете на следниот линк.