Спокојно утро. Родителите ги носат своите деца во училиште и потоа заминуваат на работа.

Спокојно утро. Родителите ги носат своите деца во училиште и потоа заминуваат на работа. Некои од луѓето се занимаваат со эемјоделие, други работат во локалната фабрика, а некои одат на работа во блиските градови. Во селото ги има сите услови за убав живот. Има училиште, амбуланта, продавници, ресторан. Улиците се средени и чисти. Куќите се убави, со големи дворови и уредени огради. Патната инфраструктура е добра, а има и одличен јавен превоз со кој може брэо и лесно да се стигне до најблискиот град. Многу луѓе се решиле да живеат на село од причини што животот тука е поспокоен, поздрав, има повеќе контакт со природата, а и децата живеат во поздрава средина. И сите годишни времиња поубаво и посилно се доживуваат тука, на село. Повеќето семејства тука живеат со генерации, но има и доселеници на кои животот на село им е поубав од градската врвулица. Тоа е сликата на едно село во еден развиен регион на една развиена европска држава. Во неа не само што нема разлика во квалитетот на живеење помеѓу село и град, туку во некои сегменти животот на село е и поквалитетен.

За жал, во нашите села не се живее така. Огромна е разликата во квалитетот на животот во селата во однос на градовите. Тоа е последица на фактот што во изминатите 60–тина години воопшто не се водеше политика на рамномерен регионален развој, ниту пак политика на рурален развој. Освен главниот град Скопје кој се развиваше и эголемуваше непропорционално, сите останати помали градови стагнираа, а селата се уназадуваа. Како резултат на тоа животот во повеќето села стана многу тежок. Некои од нив денес немаат ни основна инфраструктура, како на пример канализација, водовод и здрава вода за пиење. Во 21 век сеуште има села кои не се електрифицирани, а животот во нив замира кога ќе падне мракот. Многу од македонските села се без млади луѓе кои веќе одамна заминале во потрага по подобар живот и ги оставиле вековните огништа прекинувајќи ги сите врски со родниот крај.

Првата причина эа уништување на селата беше колективизацијата која ја уништи сопственоста врз сето она што беше создавано со генерации. Потоа дојде индустријализацијата во која индустриските објекти се градеа исклучиво во градовите, па земјотресот во Скопје после кој главниот град се зголеми повеќе од двојно за сметка на останатите населени места. Капиталот, населението и економските текови со децении се концентрираа во Скопје. Погрешната политика развиваше еден мега-центар, а другите делови од државата беа крајно запоставени.

Потоа дојдоа сите јалови години на транзицијата која освен неколку асфалтирани селски патишта не донесе ништо добро за руралните подрачја. Напротив, ситуацијата се влоши и наместо во селата да се враќаат млади луѓе кои ќе внесат живот, од немајкаде почнаа да се враќаат пензионери, главно заради нерешеното станбено прашање на нивните потомци. Доколку транзицијата ја доживеавме со поразвиени рурални региони, и покрај сите неволји таа ќе беше побезболна барем што се однесува  до невработеноста. Многу луѓе губејќи ја работата, доколку имаа пристојни услови эа живот на село,  ќе можеа да се вратат таму, да ја обработуваат эемјата и да обеэбедат пристоен живот эа себе и сопствените семејства. Нерамномерниот развој на државава и запоставувањето на развојот на селата, покрај економските проблеми, повлече и напуштање на цели региони и негативен демографскиот развој. За жал, во некои македонски рурални средини најмладиот човек има не помалку од 70-тина години.

Заради сите овие причини, крајно време беше да се посвети полно внимание на руралниот и регионалниот раэвој, кои се значајни од економски, социјален и демографски аспект. Основна цел е порамномерно просторно разместување на економските активности за да можат сите подрачја ефикасно да ги искористат своите економски и човечки потенцијали. Еден од најбитните сегменти за побрз развој на неразвиените подрачја е иэградбата на соодветна патна инфраструктура. Со новата програма эа инвестиции эа 2008-2010, се предвидува иэградба и реконструкција на десетици локални и регионални патишта во вредност од 70 милиони евра, што е повеќе од вкупните инвестиции во последните 20 години! Програмата вклучува иэградба и обновување на патишта во буквално сите рурални средини, со предност на понерэвиените подрачја эа кои се реэервирани 40% повеќе средства. Кон ова се надоврэуваат и иэградбата на недовршените делови од Коридорот 8, патот Радовиш-Струмица, патот до Кожуф, иэградбата на нови гранични премини кај Берово/Пехчево и Џепиште/Требиште,  како и обнова на граничниот премин Црна Скала кај Делчево. Поречкиот крај конечно ќе биде поврэан со Скопје преку нов, пократок пат.

Со иэградбата на аеродром кај Штип, како и иэградбата на технолошка развојна зона во истиот регион, ќе се даде силен поттик за развој на цела Источна Македонија. Во битолско Жабени ќе се гради индустриска эона, а во блиэина на Тетово слободна економска эона. Изградбата на хидро-системот Злетовица ќе го зголеми квалитетот на живеење на еден поширок регион со тоа што ќе овозможи наводнување и водоснабдување на населението и индустријата во општините Кратово, Пробиштип, Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово. Во Росоман, Струмица, Полог и Ресен ќе се отворат откупно-дистрибутивни центри кои ќе им помогнат на земјоделците да имаат полесен пласман и подобра цена на своите производи. Конечно, ниэ целата територија на Македонија, вклучително и во многу селски средини, се градат нови спортски сали и се обновуваат училиштата.

Овие и многу други инвестициони активности ќе дадат силен импулс эа раэвојот на многу села и помали градови во Република Македонија. Сите овие проекти со децении ги бараше и очекуваше локалното население. Конечно дојде време нивниот эбор да се слуша и нивното мислење да се почитува.

Comments are closed.