13 март 2018, Скопје – Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност запиша 5,724 милијарди денари (93,1 милиони евра), од кои утре ќе врати 4,727 милијарди денари (76,9 милиони евра), а на 26.03.2018 година 1 милијарда денари (16,3 милиони евра), по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност, односно вкупно достасуваат 5,727 милијарди денари (93,1 милиони евра). Со ова, нема нето задолжување со оваа аукција.
На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула (Re-opening) во износ од 4,124 милијарди денари со камата од 1,20%, 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула (Re-opening) во износ од 600 милиони денари со камата од 1,60% и 3-годишни државни обврзници без девизна клаузула (Re-opening) во износ од 1 милијарда денари со камата од 1,80%.
Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои утре се отплаќаат се 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 4,621 милијарди денари со камата од 1,85% и 5 – годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 106 милиони денари, со каматна стапка 5,15%. Дополнително, на 26.03.2018 година достасуваат 3-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 1 милијарда денари со камата од 2,65%.
Известувањата од денешната аукција можете да најдете на следните линкови: