08 Мај 2018, Скопје – Објавени се резултатите од денештата аукција на државни хартии од вредност. Нето износот на позајмени средства изнесува 2,5 милиони денари (40 илјади евра).
Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност запиша 550 милиони денари (8,9 милиони евра), од кои утре ќе врати 547,5 милиони денари (8,9 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.
На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 550 милиони денари со камата од 1,00%.
Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои утре се отплаќаат се 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 115 милиони денари со камата од 1,85% и 5 – годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 432,5 милиони денари, со каматна стапка 4,90%.
Во текот на месец мај по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 1,6 милијарди денари или 25,3 милиони евра.