3 јули 2018, Скопје – На денешната аукција се повлечени 2,2 милиони евра помалку, отколку сумата која доспева за враќање утре. Со тоа има намалување на нето задолжувањето. На аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 620 милиони денари (10,1 милиони евра), a утре ќе се вратат 755,9 милиони денари (12,3 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност. 

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 620 милиони денари со камата од 1,00%. 

Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои утре се отплаќаат се 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 591,3 милиони денари со камата од 1,85% и 5 – годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 164,6 милиони денари, со каматна стапка 4,60%. 

Во текот на месец јули по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 2,1 милијарди денари или 34,7 милиони евра.

Comments are closed.