17 јули 2018, Скопје – На аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 1,7 милијарди денари (27,7 милиони евра), од кои по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност утре ќе се вратат 1,2 милијарди денари (19,6 милиони евра), а на 25.07.2018 година 172,8 милиони денари (2,8 милиони евра), односно вкупно достасуваат 1,4 милијарди денари (22,4 милиони евра). Со ова, нето задолжувањето од оваа аукција изнесува 328 милиони денари (5,3 милиони евра).

На аукцијата беа запишани 5-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 505 милиони денари со камата од 2,00% и 30-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 1,2 милијарди денари со камата од 4,60%.

Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои утре се отплаќаат се 6-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 399,9 милиони денари со камата од 1,45%, 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 536 милиони денари со камата од 1,85% и 5 – годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 268 милиони денари, со каматна стапка 4,60%.  Дополнително на 25.07.2018 година достасуваат за исплата претходно издадени 5 – годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 172,8 милиони денари со каматна стапка 4,60%.

Во текот на месец јули по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 2,1 милијарди денари или 34,7 милиони евра.

Comments are closed.

Close Search Window