15 август 2017, Скопје – Министерството за финансии на аукцијата одржана на 15.8.2017 година издаде државни хартии од вредност во износ од 2,701 милијарда денари (43,93 милиони евра).
Станува збор за 12-месечни државни записи во износ од 1,741 милион денари со камата од 1,85%, 5-годишни државни обврзници во износ од 80 милиони денари со камата од 2,50% и 15-годишни државни обврзници во износ од 880,50 милиони денари со камата од 3,80%. Резултатите од аукцијата се објавени на следните линкови: 12-месечни државни записи, 5-годишни обврзници и 15-годишни обврзници.
На 16-ти август, Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 2,001 милијарда денари (32,55 милиони евра). Сите доспевања Министерството за финансии ги објавува во Календарот на државни хартии од вредност.
Разликата од 700,01 милион денари (11,38 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во Буџетот на Република Македонија.