30 октомври 2018, Скопје – На аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 3,5 милијарди денари (57,7 милиони евра), од кои утре и на 03.11.2018 година ќе се врати приближно ист износ по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност, односно утре ќе се вратат 3,2 милијарди денари (51,5 милиони евра), а на 03.11.2018 година ќе се вратат 375 милиони денари (6,1 милиони евра). Вкупно ќе се вратат 3,6 милијарди денари (57,6 милиони евра).

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 2,5 милијарди денари со камата од 0,90%, 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 600 милиони денари со камата од 1,30% и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 400 милиони денари со камата од 2,90%.

 

Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои утре се отплаќаат се 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 3,1 милијарди денари со камата од 1,85% и 5-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 149 милиони денари со камата од 4,60%, а на 03.11.2018 година се отплаќаат 2-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 375 милиони денари со камата од 2,70%.

Во текот на месец ноември по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 6,4 милијарди денари или 103,3 милиони евра.

 

Comments are closed.