26 февруари 2019, Скопје – На денешната аукција на државни хартии од вредност запишани се 1,24 милијарди денари (20 милиони евра), од кои утре ќе се вратaт 1,08 милијарди денари (17,6 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула (Re-opening) во износ од 900 милиони денари со камата од 0,80% и 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 340 милиони денари со камата од 3,20%.

Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои утре се отплаќаат 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 635 милиони денари со камата од 1,20%, 5-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 286 милиони денари со камата од 4,60% и 5-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 164 милиони денари со камата од 4,80%.

Во текот на месец фeвруари по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 2,7 милијарди денари или 44 милиони евра.

 

 

Comments are closed.