5 септември 2017, Скопје – Министерството за финансии на аукцијата одржана на 5.9.2017 година издаде државни хартии од вредност во износ од 1.669,66 милиони денари (27,14 милиони евра).
Станува збор за 12-месечни државни записи во износ од 779,72 милиона денари со камата од 1,85%, 2-годишни државни обврзници во износ од 288,22 милиона денари со камата од 2,10% и 15-годишни државни обврзници во износ од 601,72 милиона денари со камата од 3,80%. Резултатите од аукцијата се објавени на следните линкови: 12-месечни записи, 2-годишни обврзници и 15-годишни обврзници.
На 6-ти септември, Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 1.454,29 милиони денари (23,64 милиони евра). Сите доспевања, Министерството за финансии ги објавува во Календарот на државни хартии од вредност.
Разликата од 215,37 милиони денари (3,50 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во Буџетот на Република Македонија.