14 мај 2019, Скопје – На денешната аукција на државни хартии од вредност запишани се 4,9 милијарди денари (80 милиони евра), од кои во текот на месец мај ќе се врати износ од 2,9 милијарди денари (46,9 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 2,3 милијарди денари со камата од 0,80%, 5-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 1 милијарда денари со камата од 1,70% и 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 1,6 милијарди денари со камата од 3,20%.

Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои се отплатија во текот на месец мај се 5-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 219 милиони денари со камата од 4,60%, 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 425 милиони денари со камата од 2,10%, 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 550 милиони денари со камата од 1%, а пак утре се отплаќаат 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1 милијарда денари со камата од 1%, 5-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 160 милиони денари со камата од 4,60%, додека пак на 18.05.2019 се отплаќаат 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 535 милиони денари со камата од 2,10%.

Во текот на месец мај по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 2,9 милијарди денари или 46,9 милиони евра.

Comments are closed.