Потпретседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Крушево Василчо Дамчевски, денеска поставија камен-темелник на комплексот Градски пазар за кој Владата одвои 250.000 евра.Комплексот ќе содржи 10-ина дуќани и покриен продажен простор од 700 метри квадратни, а замислен е како староградска крушевска куќа.

 

Во Крушево денеска е пуштена во употреба и реконструираната пешачка скалеста улица во центарот на градот, која го носи името на Тоше Проевски.

 

Според Дамчески, со пазарот, инфраструктурното средување на центарот на градот и новиот лик на плоштадот „Никола Мартиноски” за кој се одвоени 2,5 милиони денари Крушево ќе стане привлечна туристичка дестинација.

 

Министерот Ставревски се согласи дека за добра туристичка понуда потребна е добра инфраструктура.

 

– Тука сум со задоволство зашто во употреба е реноструираната пешачка улица што го носи името на нашата ѕвезда Тоше Проески. Токму овој и другите проекти како што се крушевскиот пазар и уредувањето на централното подрачје се битни инфраструктурни зафати, неопходни за добра туристичка понуда. Владата и натаму ќе волужува во нашиот туристички бисер Крушево и за подобрување на условите за живот на неговите жители, изјави Ставревски.

 

Во Крушево денеска е ставен во функција и интернет клуб, дел од владиниот рпоект за интернет клубови во сите места во државава каде младите и повозрасните ќе може да користат бесплатни интернет услуги.(МИА)

 

слики од настанот

Comments are closed.