Секоја фискална година има отстапувања помеѓу проекциите и реализацијата на приходите и расходите во Буџетот на Република Македонија. На пример, во 2005 година имало отстапување на вкупните остварeни приходи во однос на Ребалансот на буџетот за 71,6 милиони евра, додека кај расходната страна за 118,7 милиони евра. Во поголемите земји овие разлики се мерат дури и во милијарди долари, како што е случајот со САД каде разликата меѓу проектираниот и реализираниот буџетски дефицит во 1998 година изнесувала скоро 200 милијарди долари.
Затоа и се нарекуваат проекции.
Секој економист знае дека мерило според кое се оценува дали проекцијата е успешна и реализацијата на буџетот е извршена согласно планираното е буџетскиот дефицит. Владата на РМ проектираше буџетски дефицит од 2,8%, оствари буџетски дефицит од 2,77% од БДП, што покажува дека проекцијата е целосно исполнета. Не само тоа, туку остварениот дефицит во 2009 во Република Македонија е втор најнизок дефицит во Европа, односно Македонија има втор најдобар фискален резултат во Европа.
Целта на Министерството за финансии е да обезбеди точни и објективни информации за јавноста.
Прилогот на А1 може да се види тука.