Денес на сметка на Буџетот на РМ пристигнаа средствата од Заемот за развојни политики за конкурентност финансиран од Светска банка во износ од 36.4 милиони евра.

Република Македонија ги доби овие средства за успешно спроведуванје на реформите и развојните политики на Владата за подобрување на деловната клима и конкурентноста.

Позначајни реформи поддржани со овој заем се: развојот на производство со висока додадена вредност преку приблекување на инвестиции, олеснуванје на преструктуирањето на земјоделскиот сектор, подобрувањето на ефикасноста на во трговската размена со странство, поголема флексибилност на пазарот на труд и развој на вештини и иновации.

Овој заем е продолжение на Првиот програмски заем за развојни политики за конкурентност во износ од 38.7 милиони евра од 2013 година. Доделувањето и на втор заем е потврда за довербата на Светска банка во квалитетот на економските политики во РМ.

Одржувањето на макроекономската стабилност и континуираното спроведување на реформски мерки од страна на Владата на РМ насочени кон зголемување на инвестициите, вработеноста и конкуренмтноста на македонската економија во континуитет се позитивно оценети од Светска банка што резултира со финансиска поддршка на истите.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window