27 август 2018 година, Скопје – Во собраниска процедура влегоа предлог измените на Законот за финансиска полиција. Со измените се воведуваат независни механизми за контрола на работата на лицата со полициски овластувања.
 

Ова е во согласност со новите измени на Законот за јавно обвинителство со кои е предвидено да се формира ново Одделение за истражување и гонење на кривични дела во рамки на ОЈО.

Одделението ќе истражува дела сторени од лица со полициски овластувања.  Оваа одредба има за цел да обезбеди непристрасност и објективност во постапувањето во случаи кога постои сомнение дека се сторени кривични дела од страна на лицата со полициски овластувања, образложи МФ Тевдовски во експозето.

Со измените на законот се зајакнуваат и надлежностите на директорот на Финанската полиција.

Ќе се воведе и приправнички стаж за овластените службени лица,  по кој ќе полагаат стручен испит. Со ова се постигнува обезбедување на професионално, политички неутрално и непристрасно работење на овластени службени лица при нивното вработување. 
Пред потпишување на договор за работа службениците ќе подлежат и на безбедносна проверка.

Comments are closed.