Собранието на Република Македонија претпладнево, со 60 гласови „за“, ниту еден против или воздржан, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за Царинска тарифа.

&nbsp

Законот ќе стапи во сила веднаш по неговото објавување во Службен весник.

&nbsp

Со измените, меѓу другото, се изедначуваат царинските давачки за новите и употребуваните автомобили, а ќе изнесуваат пет отсто.

&nbsp

– Со иста давачка ќе се царинат сите автомобили без разлика на видот на каросеријата, техничките перформанси и кубикажата. Тоа ќе овозможи обновување на возниот парк во Македонија и ќе се стимулира купорпродажбата на нови возила, истакна Нада Станчевска од ВМРО-ДПМНЕ во кратката дискусија.

&nbsp

Пратениците по оваа точка, го донесоа и Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитет на амбиентниот воздух.

&nbsp

Во тек е расправата по дополнетиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата.(МИА)

Comments are closed.

Close Search Window