Собранието на Република Македонија денеска на попладневното продолжение на 95-тата седница ги донесе измените Законот за акцизи, предложени од Владата. Претходно пратениците заклучија дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи, поднесен од група пратеници од СДСМ, не е прифатлив и не може да помине во второ читање.

&nbsp

Владиниот Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за акцизи донесен по скратена постапка, предвидува начинот на пресметка на акцизите да се врши врз основа на вредноста на возилото, наместо како досега според зафатнината на моторот. Автомобилите до 3.000 евра ќе бидат ослободени од акциза, а над тој износ стапката на акциза се пресметува во зависност од вредноста на автомобилот.

&nbsp

Министерот за финансии Зоран Ставрески во појаснувањето на предложените измени потенцира дека се постигнуваат повеќе цели меѓу кои фискална неутралност, ефектот во однос на животната средина, решавање на проблемот со возилата со странски таблици, се вршат измени за хомологацијата, со што ќе се избегне повеќекратното одење на царинските терминали, но пред се се заменува постојниот модел на пресметка на акцизите со нов, како процент од вредноста на возилото.

&nbsp

– Се постигнува и се нуди општо намалување на акцизите, и за старите и за новите возила, во најголем број на случаи, пред се за поекономичните возила, кои и се најкупувани. Предлогот предвидува степенесто зголемување на акцизата. Над 3000 евра процентуално се зголемува акцизата. Со моделот за пресметка се нуди поволно решение за буџетот на граѓаните на Република Македонија, со помали трошоци да дојдат до ново или до употребувано возило, рече меѓу другото Ставрески.

&nbsp

Пратеникот од СДСМ Марјанчо Николов смета дека фискалните импликации ќе бидат помали од очекуваното, но, потенцира, треба да се сочека и да се види како ќе тече целата постапка. Тој изрази надеж дека најголем број граѓани ќе можат да го остварат правото за увоз на половни возила.(МИА)

Comments are closed.