26 јуни 2018 година, Скопје – Советот на министри за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија го поздравува видливото подобрување во управувањето со јавните финансии и фискалната транспарентност.

На состанокот е донесена одлука преговорите за членство на Република Македонија да започнат во јуни 2019 година.
Европската унија и лидерите на сите земји-членки ја препознаа Република Македонија како земја на позитивни промени, на динамичен процес на реформи, на инклузивност и на општествен дијалог. 

Извор: Заклучоци на Советот на министрти за надворешни работи на Европската Унија, стр.15

Министерството за финансии, како дел од Владата на Р. Македонија, посветено работи на спроведување на препораките на Европската унија. Со новиот Закон за спречување перење пари и тероризам кој беше изгласан од Собранието, се подобрува системот за спречување перење пари и се работи на намалување на т.н. сива економија. Во Законот се прецизираат и усогласуваат со 4-та ЕУ Директива одредбите кои се однесуваат на вистинските сопственици и се предвидува воспоставување регистар на вистински сопственици во рамки на Централниот регистар на РМ. Според тоа, законска обврска е правните лица да поседуваат, чуваат и да ги впишат во регистарот на вистински сопственици податоците за нивните вистински сопственици. Со оваа промена сопственик на правно лице повеќе нема да може да биде друго правно лице-фирма. Поточно, ќе мора да има податоци за физичко лице, сопственик со најголем удел на сопственост во претпријатието.

Заклучок на Советот на министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ за процесот на прошiрување и стабилизација и асоцијација: https://arhiva.finance.gov.mkhttps://arhiva.finance.gov.mk/files/zaklucokEU.pdf

 

Comments are closed.