Министерството за финансии ги информира сите лица што беа евидентирани од Комисијата за проценка на штетите во подрачјата зафатени од поплавите во Скопскиот и во Тетовскиот регион дека ќе бидат опфатени со авансната исплата на средства согласно со динамиката со којашто податоците стигнуваат во Министерството за финансии.
Голем е бројот на лицата што во изминатите два дена ги доставија податоците за банката во којашто сакаат да им бидат исплатени средствата. Со цел да се избегнат блокадите на телефонските линии во Министерството за финансии, поради големиот број регистрирани повици, ги замолуваме сите оние што веќе еднаш воспоставиле контакт со Министерството, да им остават простор и на другите лица да се јават.
Исто така, Министерството за финансии ги известува граѓаните дека можат да пратат и смс порака до надлежните во Министерството, во која ќе ги наведат името и презимето, како и банката во која сакаат да им бидат уплатени средствата, на следниот број:
070 271 410
Би сакале да истакнеме дека во моментов се прибираат податоци исклучиво за лицата што се наоѓаат на списокот доставен од страна на Комисијата за проценка на штета.
Податоците и телефонскиот број за контакт, граѓаните можат да ги достават и на следната е-пошта: finance@finance.gov.mk
Сè уште се на располагање и следните контакт телефони:
02/3255-578, 02/3255-586, 02/3255-743, 02/3255-742
Со почит,
Кабинет на министер за финансии, Кирил Миноски