13 март 2020, Скопје – Со цел елиминирање на секоја можност за ширење и превенција од ковид-19 (коронавирус), Министерството за финансии ги советува странките наместо да доаѓаат лично во просториите на Министерството, да контактираат преку електронската пошта:

informacii@finance.gov.mk или да се јават на телефонскиот број 02/3255-300, како и на електронската пошта и телефонските броеви објавени на веб-страницата на Министерството за финансии.

Исто така, препорачуваме сите преписки, барања и други документи што можат да се доставуваат и испраќаат електронски, да се испраќаат и примаат токму на тој начин за да се избегне користење хартиена форма (се разбира, доколку не е неопходно документот да биде во хартиена форма, во оригинал).

Секторите ќе ги одржуваат сите потребни состаноци преку телеконференциска врска.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.